Учество на четвртиот регионален вебинар на тема: Индикатори и политики за управување со води

На 21 Април 2021 година се одржа состанок во форма на онлајн вебинар на тема -. Политики и индикатори за управување со води. Состанокот е реализиран во рамките на проектот „Подобрување на мониторингот и проценката на животната средина„. Проектот има за цел подршка на агендата за одржлив развој во Југо-Источна Европа, централна Азија и Кавказот. Овој проект е финансиски подржан од развојната програма на Обединетите Нации.

Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на нашата земја учествуваа Илбер Мирта-раководител на сектор за води, Љупка Зајкова-заменик раководител на сектор води, Аземине Шакири-раководител на одделението за катастри и моделирање, при Македонски информативен центар за животна средина и Ивица Тасиќ-помлад соработник во одделението за катастри и моделирање. На виртуелниот состанок беа прикажани законите, политиките, индикаторите кои се развиени за да ја прикажат состојбата со водните ресурси како и проектите кој се одвиваат а се однесуваат на меѓуграничната соработка за управување на водите.

На состанокот учестуваа земјите од Централна Азија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, понатаму земјите од Кавказот-Ерменија и Грузија, како и земјите од Централна и Јужна Европа-Австрија, Босна и Херцеговина.