Учество на состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) и Конференција на Регионалната информативна мрежа за животна средина (REIN) за подготовка на Извештајот GEO-6

Во периодот од 12 до 18 април 2015 година во Истанбул, Турција, се одржа состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) и Конференција на Регионалната информативна мрежа за животна средина (REIN) за подготовка на Извештајот GEO-6 во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).

Istanbul 1  Istanbul 2
Првите три дена беа посветени на Конференцијата на Регионалната информативна мрежа за животна средина (REIN) за подготовка на Извештајот GEO-6. Од страна на претставниците на UNEP имаше неколку презентации кои се однесуваа на изработката на претстојниот глобален извештај GEO-6, останатите регионални извештаи и објаснување на пристапот до страната на UNEP Live, на која може да се најдат податоци за сите земји, вклучувајќи ја и Македонија. Цел на изготвување на извештаите е остварување на заеднички придобивки во областа на редовните оцени на животната средина.

На 16 и 17.04 се одржа состанокот на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA), на кој Катерина Николовска беше избрана за претседавач и член на бирото со мандат од една година.

  • Главна тема за дискусија на состанокот беше развивање на заеднички информативен систем за животна средина (SEIS) во паневропскиот регион заснован на усвоените цели и индикатори за ефикасноста на активностите од страна на Комитетот на Економската комисија за Европа на ОН..
  • Беа дефинирани приоритетните податоци кои треба да ги содржи SEIS-от за периодот до 2015 година и долгорочно до 2020.
  • Врз основа на презентираниот предлог на претставниците на UNECE за внесувањето на податоците и проценката да се изработи специјална „алатка за известување“ која ќе ја користат сите земји,и ќе биде едноставна за користење.
  • После консултација со сите учесници се договори дека неколку земји од различни региони како Австрија, Финска, Македонија, Ерменија, Казахстан и Туркменистан, ќе започнат со тест периодот на користење на „алатката за известување“.