СТУДИСКА ПОСЕТА ВО ФИНСКА ОД 29 АВГУСТ ДО 2 СЕПТЕМВРИ 2016

Во оваа студиска посета од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваа:
-    Светлана Ѓорѓева
-    Анета Стефановска
-    Александра Несторовска Крстеска
-    Игор Пауновски
-    Никола Голубов
-    Никола Јакимовски
-    Мартина Спасовска
-    Валентина Димитриевска
Студиската посета беше организирана како активност во рамките на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на воздухот“, кој тековно се одвива во MЖСПП.
Петдневната студиска посета на македонските експерти во Финска се одржа во периодот 29 август – 2 септември 2016 год. Целта на студиската посета беше размена на добра практика и искуства во управувањето со квалитетот на воздухот со Финска како партнер во Твининг проектот. Учесниците во студиската посета ја посетија Регионалната управа за животна средина во Хелсинки (HSY), каде се дисутираше за мерењата кои ги врши HSY во  регионот (кој опфаќа четири поголеми градови), подготовка на локлен инвентар и за начинот на примена на дисперзионото моделирање за оценка влијанието на горењето дрва врз квалитетот на воздухот.

studiska-poseta-finska-2016Воедно беше организирана посета на Техничкиот истражувачки центар на Финска (VTT), каде учесниците ги посетија лабораториите мерење на емисиите од мотори и возила, кои ги спроведува VTT. Исто така беше организирана посета на Министерството за животна средина на Финска со цел да се дискутираат барањата кои произлегуваат од регулативите за енергетска ефикасност и емисиите од котлите со мал капацитети, кои користат цврсти горива. Експертите има можност дополнително да го подобрат знаењата и вештините поврзани со регионалниот SILAM модел.
Во текот на студиската посета бешр организирана и посета на термоелектраната Helen, со која стопанисува Градот Хелсинки, како и новата фабрика за производство на енергија од комунален отпад (Vantaan Energia) лоцирана во градот Ванта, која го користи нерециклиран комунален отпад од поширокиот регион на Хелсинки за производство на топлина и електрична енергија.
Во Финскиот метеоролошки институт беше прикажан процесот на предвидување на епизодите со зголемени концентрации на загадувачки супстанции и се одржа обука за примена на новиот начин на известување на податоците за квалитет на воздух до Европска агенција за животна средина.