Регионален тренинг курс за методи и модели за оценка на прекуграничниот транспорт на суспендираните честички во воздухот

P1200345Во периодот од 13.10.2014 до 17.10.2014 година, во Дебрецен, Унгарија, во Институтот за нуклеарни истражувања, Унгарска академија за науки, се одржa Регионален тренинг курс за методи и модели за оценка на прекуграничниот транспорт на суспендираните честички во воздухот.

Овој регионален курс се реализираше во рамките на проектот RER/1/013 „Подршка при управувањето со квалитетот на воздухот – втора фаза“, финасиран од Меѓународната агенција за атомска енергија, кој започна на почетокот на 2014 година и ќе трае две години. На тренинг курсот беше презентирано искуството на Унгарија во мониторингот на квалитетот на амбиентниот воздух и начинот на подготовката на емисионите инвентари. Беа претставени и статистички методи, модели и софтверски алатки кои овозможуваат оценување на транспортот на суспендираните честички на регионално ниво. На овој тренинг курс присуствуваше Анета Стефановска, раководител на одделението за мониторинг на квалитет на воздух од Македонскиот информативен центар за животна средина.