Работилница за Имплементација на GMES мониторинг услуги 

gmes1(17-19.10.2012 год.) Во Копенхаген – Данска, се одржа работилница за Имплементација на GMES мониторинг услуги. На работилницата, учествуваше Зоран Величков, Национален референтен центар за LandCover програмата на Еворпската агенција за животна средина.

На работилницата беше презентирана состојбата со GMES мониторинг сервисот, процесот на имплементација на оваа програма и перспективите за 2011-2013 година. На агендата беа поставени и теми поврзани со статусот на имплементација на пан-Европските високо-резолуциски слоеви од програмата Land Cover (HLRs), статусот на договорите за учество во GMES програмата, технички прашања поврзани со процесите на верификација и унапредување на мапите