Осмата сесија на работната група за Индикатори за животната средина и мониторинг во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE), како и работилницата за статистики во областа на водите во организација на UNECE, EUROSTAT, EEA.

Во периодот од 13 до 15 мај 2014 година во Женева, Швајцарија, се одржа Осмата сесија на работната група за Индикатори за животната средина и мониторинг во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE), како и работилницата за статистики во областа на водите во организација на UNECE, EUROSTAT, EEA во организација на UNECE, EUROSTAT, EEA.

Работилница во голема мера беше посветена на преглед и ревизија на упатствата за примена на Индикаторите за животна средина во Југоисточна Европа, Кавказ и Централна Азија. Исто така имаше прво читање и запознавање на предвидените индикатори за транспорт и животна средина.

Второнаведената работилница се задржи на најновите достигнувања во областа на статистиките на водите, како и разгледување на значајните проблеми, предизвици и прогресот направен во земјите од Југоисточна Европа, Кавказот и Централна Азија.

Поради овие причини  претставници од нашето Министерство кои работат на соодветната проблематика. Раководителот на одделението за аналитика и известување Катерина Николовска, како и на Аземине Шакири, виш соработник со работни задачи во областа на статистики на водите, двете од Македонски информативен центар за животна средина, учествуваа на работилницата.