Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во рамки на своите законски надлежности, денес го назначи Неби Реџепи за нов државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање. Според законот, државниот секретар го назначува ресорниот министер од редот на раководните државни службеници. Господинот Неби Реџепи во рeсорот животна средина е повеќе од 12 години, а функцијата државен секретар ја презема од позиција на раководител на Секторот за просторно планирање при МЖСПП.
Неби Реџепи назначен за нов државен секретар во МЖСПП
март 03, 2023