Соопштение за јавноста 20.12.2017 год.

Ве информираме дека на 21 декември 2017 г. (четврток) заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе се обрати на Форумот со академската заедница за можностите за намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од греењето во домаќинствата. Форумот има за цел низ разговор со експерти да се разбијат митовите околу загадувањето на воздухот предизвикано од греење во домаќинствата, да се објасни улогата на науката во предложените акции во Патоказот за намалување на загадувањето од греењето 2017-2025 (www.skopjesezagreva.mk) и активно да се вклучи академската заедница во справување со проблемот со загадувањето на воздухот.

Настанот ќе се одржи на Универзитет Гоце Делчев во Штип со почеток во 11 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.

За сите заинтересирани учесници, вклучително и медиуми од Скопје, ќе биде организиран превоз со автобус, кој ќе тргне од пред Министерство за животна средина и просторно планирање (зграда на МТВ) во 08:45 часот.