Соопштение за јавноста 26.07.2017 год.

Ве информираме дека на 27 јули 2017 г. (четврток) министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и градоначалниците на 12 општини ќе потпишат договори за доделување на финансиски средства на локалните самоуправи за изработка на техничка документација за изградба на водоводни и канализациони системи и за регулација на речните корита. Средствата се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година.

Потпишувањето ќе биде во Кабинетот на министерот Дураки, во 13:00 часот (зграда на МРТВ, 10-ти кат).

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.