Идентификувани приоритети и можни точки за прекугранична соработка со Бугарија во делот на животнта средина

Megjuvladina sednica_S.Makedonija_BugarijaМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, по повод одржувањето на пленарната меѓувладина седница со која копретседаваат претседателите на владите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, учествуваше во работата на работната група за Европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото.

На работниот состанок се дискутираа приоритетните точки за можна соработка и размена на искуства во интегрираното управување со животната средина. Министерот Нуредини, како можни области за соработка ги истакна прекуграничното интегрирано управување со водите, со акцент на управувањето со Струмичкиот речен слив, размена на искуства во заштитата на природата и развојот на еко-туризмот во заштитените подрачја, како и развивање на усогласени акциски планови и имплементација на мерки за заштита на ЕУ видовите и живеалиштата. Се зборуваше и за координација на активности во делот на намалување на аерозагадувањето кое не познава граници, како и размена на искуства и соработка во управувањето со отпадот.