Учество на 6-тиот технички состанок за известување на податоци за квалитет на воздух

IMG_20191106_112026На 06.11.2019 година и 07.11.2019 година во Копенхаген, Данска, во работната сала во Европската Агенција за Животна Средина се одржа дводневниот 6-тиот работен технички состанок за следење на електронските известувањата за податоци за квалитет на воздух од сите Европски земји членки на унијата како и земјите аспиранти меѓу кои и Република Северна Македонија претставена преку Македонскиот информативен центар за животна средина.

На состанокот како претставник од МИЦЖС присуствуваше Никола Јакимовски, Соработник администратор од одделението за ИТ, кој беше активно вклучен во процесот на електронско известување и развојот на националните системи за мониторинг и известување на податоци за квалитет на воздух кон Европската агенција за животна средина .

На работната сесија беше констатирано дека податоците за квалитет на воздух редовно се доставуваат согласно утврдениот протокол и рамката за споделување на податоци од областа на животната средина.

Со употреба на информатичката технологија воспоставени се линкови за известување и на податоците за квалитет на воздух во реално време од нашата земја како и за останати годишни податоци во електронски формат.