Предлог-законот ја уредува заштитата на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност, заштита на природното наследство во и надвор од заштитените подрачја, како и заштита на природните реткости.
Заменик министерката Лашкоска истакна дека заштитата на животната средина и владеењето на правото се меѓусебно поврзани процеси кои бараат силна институционална соработка, меѓународно партнерство и активно учество на граѓаните.
Посебен акцент се стави на зачувувањето и обновувањето на шумите од молика – ендемичен вид на Пелистер. Хоџа најави дополнителна поддршка за Националниот парк Пелистер, преку инвестиција во современ објект за рана детекција и следење на шумски пожари
МЖСПП: Неделните извештаи на ДИЖС ќе продолжат да се објавуваат, Министерството се залага за транспарентност