Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа: Министерството ќе поедностави 15 административни постапки до крајот на 2026 година

Хоџа: Министерството ќе поедностави 15 административни постапки до крајот на 2026 година

Скопје, 23 јули 2026 година  Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Чекор 4 од Реформската агенда, на кој беа презентирани активностите што институциите ги спроведуваат за поедноставување на административните постапки и унапредување на услугите за граѓаните и деловната заедница.

На состанокот, министерот Хоџа ги презентираше досегашните активности на Министерството за животна средина и просторно планирање, истакнувајќи дека е извршена анализа на вкупно 31 административна постапка. Од нив, 15 постапки ќе бидат поедноставени до крајот на 2026 година, за што веќе се подготвени конкретни мерки и планови за нивна имплементација.

Со овие реформи, Министерството има за цел да обезбеди побрзи, поедноставни и поефикасни административни услуги, со што ќе се намали административниот товар за граѓаните и компаниите и ќе се подобри пристапот до јавните услуги.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на исполнувањето на реформските обврски, јакнењето на институционалната ефикасност и создавањето модерна, транспарентна и услужно ориентирана јавна администрација.

Мени за пристапност