Соопштение за јавноста 24.11.2015 год.

Ве информираме дека на 25.11.2015г. (среда), во 11 часот, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе ја посети општина Дебар, при што заедно со градоначалникот Ружди Лата ќе го означат започнувањето на проектот „Доизградба на атмосферска канализација на град Дебар, крак – улица 8 Септември и Братство Единство“.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.