Соопштение за јавноста 29.10.2015 год.

Ве информираме дека утре, на 30.10.2015г. (петок), министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, амбасадорот на Франција во Македонија, Н. Е. Лоренс Оер и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе се обратат на отварањето на јавната расправа на тема „Проценка на можните решенија за третман на отпадните води и милта и препорачани техничко-технолошки решенија“, која се одржува во рамки на проектот „Студијата за финансирање, изградба и работа на пречистителната станица за отпадни води за Град Скопје – Република Македонија“.

Јавната расправа ќе се одржи во салата на Советот на Град Скопје со почеток во 10:30 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.