Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за за нацрт планските документи Национален план за заштита на амбиентниот воздух за период 2027-2031 година и Национална програма за контрола на загадувањето на воздухот за период 2027 – 2037 за Република Северна Македонија.

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Известување за за нацрт планските документи Национален план за заштита на амбиентниот воздух за период 2027-2031 година и Национална програма за контрола на загадувањето на воздухот за период 2027 – 2037 за Република Северна Македонија.

 

Врз основа на член 65, став (6) од Законот за животната средина средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05,  79/06, 101/06;  109/06, 24/07, 159/08, 83/09, 161/09, 1/10, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/2015, 192/2015, 39/16, 28/18, 65/18, и Службен весник на РСМ бр. 99/18, 176/21, 216/21, 89/22, 99/22, 171/22, 3/25, 124/25, 191/25) и член 2 и 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на Република Северна Македонија 147/08, 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следното:

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 79/06, 101/06; 109/06, 24/07, 159/08, 83/09, 161/09, 1/10, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/2015, 192/2015, 39/16, 28/18, 65/18, и Службен весник на РСМ бр. 99/18, 176/21, 216/21, 89/22, 99/22, 171/22, 3/25, 124/25, 191/25), Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлуки за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) (Арх.бр.10-2833/1 и 10-2834/1 од 24.08.2026 год) за нацрт планските документи Национален план за заштита на амбиентниот воздух за период 2027-2031 година и Национална програма за контрола на загадувањето на воздухот за период 2027 – 2037 за Република Северна Македонија. Согласно одлуките, отпочнато е спроведување на процедури за стратегиска оцена на животната средина за споменатите плански документи и подготвени се нацрт СОЖС извештаи.

Нацрт планските документи заедно со нацрт извештаите за СОЖС се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП (https://moepp.gov.mk) во текот на периодот за јавен увид. Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението направено на 15ти Септември.

Согласно обврските, за нацрт планските документи и извештаите за СОЖС ќе бидат организирани јавни расправи на која предметните документи ќе бидат презентирани и дискутирани:

-       6ти Октомври, Струмица, Дом на АРМ, почеток во 09.30,

-       7ми Октомври, Скопје, Клуб на пратеници, почеток во 09.30.

Сите коментари поврзани со нацрт планските документи и нацрт извештаите за стратегиска оцена може да се достават на следниот начин:

-        електронски на следната email адресa: A.Stefanovska@moepp.gov.mk,

-        по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Македонски информативен центар за животна средина).

 

Мени за пристапност