Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот - Изградба на ветерен парк “ВЕЦ Громовник“ во општина Штип, за потребите на инвеститорот ДПЕЕ “ВИЕНТО ЕНЕРГЕТИКО“ ДООЕЛ од Скопје
Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 6 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 36/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), ја известува заинтересираната јавност дека Јавнатa расправa по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот - Изградба на ветерен парк “ВЕЦ Громовник“ во општина Штип, за потребите на инвеститорот ДПЕЕ “ВИЕНТО ЕНЕРГЕТИКО“ ДООЕЛ од Скопје ќе се одржи на 6 Октомври 2026 година (вторник) во салата на советот на општина Штип со почеток во 11:00 часот.
Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk и во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Контакт лица:
Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
infoeko@moepp.gov.mk,
по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје
Од страна на инвеститорот
ДПЕЕ “ВИЕНТО ЕНЕРГЕТИКО“ ДООЕЛ од Скопје
Бранко Георгиевски, тел: 078 222 000
е-mail: brankomk@gmail.com