Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека продолжува циклусот на регионални јавни расправи по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040.
Третата јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 ќе се одржи во Пелагонискиот плански регион, со цел презентација на Нацрт-планот и активно вклучување на институциите, единиците на локалната самоуправа, стручната јавност, засегнатите страни и пошироката јавност.
📅 06 октомври 2026 година
🕛 12:00 часот
📍 Сала на Советот на Општина Битола
Јавната расправа претставува можност за запознавање со предложените плански решенија, како и за давање мислења, предлози и забелешки во процесот на подготовка на еден од најзначајните стратешки документи за просторниот развој на државата.
Ги покануваме институциите, единиците на локалната самоуправа, стручната јавност, засегнатите страни и сите заинтересирани граѓани да земат учество во јавната расправа и да дадат свој придонес во планирањето на идниот просторен развој на Република Северна Македонија.
Линк до Нацрт Просторниот план на Република Северна Македонија 2040