Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија (МЖСПП) во соработка со одделението за хемикалии и отпад при Програмата за животна средина при Обединетите Нации UNEP и Регионалниот центар на Стокхолмската конвенција (SCRC) при RECETOX, Масарик Универзитет, Чешка Република, на 24 април 2026 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, го реализираше состанокот за прифаќање на вториот ажуриран Национален план за имплементација (NIP) на Стокхолмската конвенција (SC) за.
Техничкиот состанок со повеќе засегнати страни беше организиран во рамките на Глобалниот проект бр. 10785 поддржан од Глобалниот еколошки фонд (GEF) за глобален развој, преглед и ажурирање на националните планови за имплементација според Стокхолмската конвенција за неразградливи органски загадувачи (POPs) имплементирани во периодот 2023-2025 година.
На состанокот присуствуваа над 50 претставници од надлежни министерства и агенции, истражувачки организации, индустрија, организации на граѓанското општество и меѓународни партнери. Учесниците беа запознаени со напредокот во спроведувањето на Стокхолмската конвенција од страна на Република Северна Македонија до денес и со ажурираните приоритети, акциони планови и активности на НИП за соодветно и безбедно управување со неразградливите органски загадувачи (POPs) во Македонија во текот на целиот нивен животен циклус.
Во своето воведно обраќање, Националното контакт лице за Стокхолмскa конвенција, г-дин Александар Мицковски, од Канцеларијата за POPs, Министерството за животна средина и просторно планирање ја потврди силната посветеност на Северна Македонија за почитување на обврските од Стокхолмската конвенција за неразградливите органски загадувачи (POPs).
Г-ѓа Михаела Клаудија Паун од UNEP, се вклучи на состанокот преку интернет и ѝ честиташе на Северна Македонија за успешното спроведување на проектот и завршувањето на ажурирањето на НИП, истакнувајќи ја комплексноста, обемот и потенцијалот за имплементација на предложените приоритетни акциони планови.
Катерина Шебкова, директорка на Регионалниот центар на Стокхолмската конвенција SCRC, му се заблагодари на експертскиот тим за нивната експертиза, заложбата за идентификување практични решенија и за барање квантитативни информации од различни извори што доведоа до значително подобрување на целокупното знаење за статусот кво во управувањето со POPs, но исто така и до зголемена покриеност на активностите и трасирање на идните чекори преку акциони планови што беа споделени на денешниот состанок.
Експертскиот тим - Александар Мицковски, Емилија Купева, Славјанка Пејчиновска-Андонова, Гордана Попсимонова, Трајче Стафилов, Марјан Михаилов, Марина Стефова, Симона Домазетовска Ристеска и Сузана Андонова ги презентираа приоритетните активности пред учесниците, наведувајќи ги клучните приоритети што ги опфаќаат сите 31 хемикалии наведени во Конвенцијата за кои беше задолжително изработка на НИП. Овие предлози комбинирани во 11 акциони планови беа дискутирани и одобрени од учесниците на состанокот.
• Хармонизирање на законодавството за POPs за да се опфати управувањето со хемикалиите и законодавството за воздух, вода и отпад, со цел да се спречи понатамошен увоз, употреба и испуштање на забранетите хемикалии, а исто така и да се забрани увозот на употребувана EEE и стари возила со висок ризик од присуство на нови POPs.
• Обезбедување обука на земјоделците и земјоделските работници за разбирање на POP пестицидите, со цел да се спречи нивната употреба но и за еколошки прифатливо управување со искористените ПЕ фолии кои се користат за пластениците, со цел да се намалат емисиите на ненамерно генерирани POPs заради честите нивни спалувања иако е веќе одамна законски забрането.
• Финализирање на постепеното отстарнување и еколошки прифатливо елиминирање на преостанатите 4000 парчиња мали PCB кондензатори (се очекува да содржат околу 300 тони PCB врз основа на претходното искуство).
• Продолжување со санација на веќе идентификуваните контаминирани места во ОХИС, Скопско - малата депонија и големата депонија и Пеленица, како оддалечена депонија каде се одложени големи количини од изомерите на линданот и
• Идентификација на локации со нови индустриски POPs, особено од електрична и електронска опрема и возила. Пилот-студија за изводливост ќе биде дел од акциониот план што ќе се тестира на четири локации.
• Да се обезбедат услови за идентификување на содржината на PFAS во 6 сектори каде што апликациите на PFAS кои се релевантни за Македонија (од 15 можни апликации)
• Управување со ненамерни испуштања на POPs и подготовка на практични упатства / методологија за операторите и релевантните институции, вклучувајќи и серија на обукиобука
• Подигање на јавната свест за ризиците и влијанијата на POPs и спроведување редовна обука за релевантните засегнати страни
• Воспоставување редовно следење на POPs во животната средина и во хуманиот биомониторинг, при што беше истакнато дека следењето на воздухот е рестартирано во Скопје во 2024 година и тоа ќе ги донесе првите резултати и за новите POPs.
На крајот на овој настан Директорката на регионалниот центар за Стокхолмска конвенција за POPs, Катерина Шебкова додаде: „Подготвениот ажуриран НИП и акционите планови се фокусираат на добро организиран и практичен начин на систематско собирање информации за нови POPs и ја подготвуваат земјата за идни попрецизни инвентари не само со прашалници, туку и со податоци од реалниот живот. Збирот на активности е насочен кон подобрувања во управувањето со отпадот од производи и опрема на крајот од животниот век што содржи индустриски POPs. Исто така, охрабрувачки е да се види дека постепеното отстранување на преостанатата опрема која содржи ПХБ, како и санацијата на локациите контаминирани со HCH, добиваат иста важност и ги демонстрираат континуираните напори за целосно спроведување на Конвенцијата како што е наведено во претходните Национални имплементациони планови.
Конечно, би сакала искрено да оддадам признание на експертскиот тим за вложениот труд и за посветеноста што ја демонстрираа во текот на проектот. Беше огромно задоволство да соработувам со сите вас и ние во SCRC Чешка Република сме горди на овој успешен исход на проектот.“