Како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, присуствуваше на официјална средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Guy Parmelin.
На средбата беше потврдена силната и пријателска соработка меѓу двете земји, со фокус на понатамошно продлабочување на партнерството, особено во областа на животната средина
Швајцарија останува еден од најзначајните партнери, со континуирана поддршка во управување со води, заштита на природни ресурси, климатски политики и одржлив развој.
Усогласувањето со европските стандарди не е само обврска, туку инвестиција во поквалитетен живот, економска стабилност и нови зелени работни места.
Заедно продолжуваме кон модерна, европска и еколошки одговорна држава.