Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа најави еколошки систем за греење во тетовската клиника

Хоџа најави еколошки систем за греење во тетовската клиника

Тетово, 28.04.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес ја посети Клиничката болница Тетово, каде во соработка со Министерството за здравство се подготвува проект за замена на системите за греење со еколошки алтернативи во седум објекти.

Во разговорот со директорот на болницата, Ерзен Елези, беше истакнато дека оваа активност се спроведува паралелно со пошироката реконструкција на клиниката и претставува дел од националните напори за намалување на аерозагадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот.

Проектот е поддржан преку ИПА 3 програмата за чист воздух, со веќе изготвена проектна документација и очекувана реализација во периодот 2026-2027 година.

Со овие инвестиции, државата презема конкретни чекори да води со пример, започнувајќи од јавните институции, со јасна цел - постепена замена на нееколошките системи за греење во сите јавни објекти во земјата.

Со оглед на големината на тетовската клиника, се очекува овој проект да има значаен ефект врз намалувањето на урбаното аерозагадување.

Мени за пристапност