Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Зајакнување на билатералната соработка со Грција за управување со сливот на реката Вардар/Аксиос

Зајакнување на билатералната соработка со Грција за управување со сливот на реката Вардар/Аксиос

  Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Ане Лашкоска и  Амбасадорката на Република Грција г-ѓа Софија Филипидоу, остварија средба на која главна тема беше управувањето со сливот на реката Вардар/Аксиос, како заеднички воден ресурс.  Двете страни ја истакнаа стратешката важност на сливот на реката Вардар за економијата, земјоделството, екосистемите и снабдувањето со вода во двете држави.

На состанокот заменик министерката Лашкоска информираше за процесот на усогласување со Рамковната Директива за води на ЕУ и подготовката на План за управување со сливот на реката Вардар. Исто така, на состанокот се разговараше и за  состојбата со Дојранското Езеро како подрачје во рамки на сливот на реката Вардар, и можноста за продлабочување и  унапредување на соработката меѓу двете држави.

Состанокот помина во конструктивна работна атмосфера на кој и двете страни ја потврдија политичката волја за зајакнување на соработката и заштитата на заедничкиот воден ресурс Вардар/Аксиос, во насока на подготовка на заеднички План за интегрирано управување со сливот, согласно европските барања.

Мени за пристапност