Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион

Хоџа Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион

Гостивар, 19.02.2026 Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните– беше клучната порака од обраќањето на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на презентацијата на новата механизација за регионалниот центар Русино.

Инвестицијата во вредност од 1.114.200 евра е реализирана со поддршка од Европската банка за обнова и развој. Со новата механизација значително се зголемува оперативниот капацитет на Русино и се воведуваат современи стандарди во секојдневното работење. Оваа активност е дел од пошироката инвестиција од 55 милиони евра со која започна најголемата инфраструктурна реформа во секторот отпад во државата.

Во следната фаза е предвидена инвестиција од околу 14 милиони евра за рехабилитација и проширување на депонијата, што вклучува изградба на нови депониски ќелии, систем за управување со исцедок и биогас и затворање на постојната депонија.

Со тоа се обезбедува целосно усогласување со европските стандарди и воспоставување модерен регионален систем што значи крај на дивите депонии и почиста животна средина за граѓаните во Полог.

Мени за пристапност