Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај

Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај

Скопје, 20 февруари  Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај.

„Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми“, изјави Хоџа.

Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација изнесува 85 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, и претставува дел од поширок пакет проекти со кои систематски се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните во општина Сарај.

Наскоро ќе започне и уредувањето на Сува Река, со што ќе се обезбеди трајно решение за намалување на ризикот од поплави во населените места на оваа општина.

Мени за пристапност