Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот со норвешкиот амбасадор

Средба на министерот со норвешкиот амбасадор
Норвешката амбасадорка му ја честита на Меџити стапувањето на функција заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање
 

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес разговараше со Амбасадорот на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом.

 

На состанокот, Меџити ги презентираше приоритетите и позначајните проекти од областа на животната средина, вклучително изградба на пречистителни станици, декарбонизацијата и воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпадот.

 

Норвешката амбасадорка му ја честита на Меџити стапувањето на функција заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, изразувајќи увереност дека Норвешка продолжува со поддршката на нашите стратешки цели и приоритети, како што е пристапувањето на земјава во ЕУ.

Мени за пристапност