Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Продлабочување на соработката со УНОПС на проекти за одржлив развој

Продлабочување на соработката со УНОПС на проекти за одржлив развој
Главната цел на средбата беше реализацијата на тековните проекти од кои се очекуваат значителни придобивки
 

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со директорката на Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) Микела Телатин.

 

Главната цел на средбата беше реализацијата на тековните проекти од кои се очекуваат значителни придобивки, и можности за нови проекти што ќе влијаат на долгорочниот и одржлив развој на државата и директно ќе влијаат на заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

 

Притоа, беше реафирмирана заложбата на двете страни за натамошно зајакнување на соработката и интензивирање на реализацијата на овие значајни проекти!

Мени за пристапност