Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Континуираната поддршка на Турција продолжува и во наредниот период

Континуираната поддршка на Турција продолжува и во наредниот период
Амбасадорот на Република Турција во земјава, упати честитки за превземањето на новите функции во Владата
 

Амбасадорот на Република Турција во земјава, Н.Е. Фатих Улусој на денешната средба со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити му упати честитки за превземањето на новите функции во Владата.

 

Меџити изрази благодарност за континуираната поддршката што Република Туркије ја дава на нашата држава и на заедниците што живеат во неа.

 

Амбасадорот Улусој потврди дека таа поддршка ќе продолжи и во наредниот период, а во делот на заштита на животната средина ќе биде фокусирана на управување со водите, врз основа на Меморандумот за соработка што го потпишаа владите на Северна Македонија и Турција.

Мени за пристапност