Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Промовиран „Еко-иновациски хаб“ на Економскиот факултет – Прилеп: образование, иновации и циркуларна економија во пракса

Промовиран „Еко-иновациски хаб“ на Економскиот факултет – Прилеп: образование, иновации и циркуларна економија во пракса

  Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, м-р Ане Лашкоска, денес присуствуваше и се обрати на завршниот настан на проектот „Еко-иновациски хаб“, кој се реализираше со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, а се одржа во просториите на Економскиот факултет во Прилеп. Со поздравни говори се обратија и проф. д-р Моника Ангелоска-Дичовска и деканкатана факултетот, проф. д-р Татјана Спасеска.

Во рамки на настанот беа презентирани резултатите од проектот, новоформираната лабораторија за еко-иновации, како и опремата и еко-производите изработени од студентите и наставниот кадар. „Еко-иновацискиот хаб“ претставува современ академски простор кој овозможува примена на принципите на циркуларната економија, 3D технологии и одржливи практики, преку целосен циклус – од селекција и рециклирање на пластика, до екструдирање филамент и 3D печатење.

Обраќајќи се пред присутните, заменик министерката Лашкоска истакна дека ваквите иницијативи имаат клучна улога во поврзувањето на образованието, иновациите и заштитата на животната средина, нагласувајќи ја важноста на практичната примена на знаењето и активното вклучување на младите во зелената транзиција.

„Кога зборуваме за зелена транзиција, не зборуваме само за политики и стратегии, туку за знаење, вештини и луѓе. Ваквите хабови се места каде што младите не само што учат, туку создаваат решенија за иднината и стануваат активни носители на одржливи промени,“ изјави Лашкоска.

Таа додаде дека поддршката за проектот „Еко-иновациски хаб“ е дел од заложбите на Министерството за развој на зелени вештини, примена на иновативни технологии и поттикнување на циркуларни бизнис модели, во согласност со европските политики и Европскиот зелен договор.

Посебно беше нагласена активната улога на студентите, кои преку работилници и практична работа учествуваа во развојот и изработката на еко-производи, стекнувајќи практични знаења и компетенции потребни за современиот пазар на труд.

Настанот заврши со демонстративна сесија на процесите на рециклирање, екструдирање и 3D печатење, како и отворена дискусија за можностите за понатамошна соработка и развој на вакви иновативни академски иницијативи.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветен партнер во поддршката на проекти кои придонесуваат кон одржливо образование, иновации и приближување кон европските стандарди за зелена и циркуларна економија.

Мени за пристапност