Министерството за животна средина и просторно планирање согласно ЗОО директирвата изработи Стратегија и Едукативна програма за зоолошките градини, со цел подобрување на управувањето, благосостојбата на животните и зајакнување на ex situ заштитата на биолошката разновидност во Скопје и Битола.
Стратегијата воспоставува јасни надлежности, мерливи цели и петгодишен акциски план кој ќе овозможи систематско планирање, приоритизација и следење на напредокот, во согласност со европските стандарди.
На настанот имаше поздраво обраќање од Директор на управа за животна средина Игор Никоски кој истакна дека МЖСПП/Сектор за природа е надлежна институција за следење на преговарачкиот процес со Европската Унија во рамки на Поглавје 27– Животна средина и климатски промени, а воедно и одговорно за транспозиција и имплементација на Директивата 1999/22/ЕЗ на Европскиот парламент и Советот за чување на диви животни во зоолошки градини (ЗОО директива) и дека правиме значеаен прогрес во ЕУ легислативата со оваа Стратегија.
На настaнот се обрати и Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој потенцираше дека е планирана е и целосна модернизација на Зоолошката градина, подобри услови за животните, посетителите и вработените, енергетски ефикасни решенија, зголемена безбедност, како и нови содржини, меѓу кои и центар за хипотерапија за децата со посебни потреби.