Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

БИОФИН, нова алатка на МЖСПП И УНДП за финансирање на биодиверзитетот

БИОФИН, нова алатка на МЖСПП И УНДП за финансирање на биодиверзитетот

  Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), ја започна Иницијативата за финансирање на биодиверзитетот (BIOFIN) со национална почетна работилница на која учествуваа министерства, финансиски установи, граѓански организации, научни институции и приватен сектор.

BIOFIN ќе ја поддржи РС Македонија во проценката на постојните текови на финансирање на биодиверзитетот, идентификувањето на недостатоците во финансирањето и развојот на решенија за зголемување на инвестициите во природата.

На настанот свое обраќање имаше и Директорот на управата за животна средина  при МЖСПП, Игор Никоски, кој истакана дека во рамките на BIOFIN, ќе имаме можност да ја поставиме природата како централна вредност во креирањето политики, буџетирањето и економскиот развој. BIOFIN бара вклучување на сите - министерства, општини, јавни претпријатија, приватниот сектор и граѓанските организации. Само на овој начин ќе создадеме систем кој е ефикасен, транспарентен и долгорочен. Оваа работилница е првиот чекор во процесот што ќе резултира со прецизно дефинирани финансиски потреби, финансиска стратегија за биолошката разновидност и препорачани инструменти за финансирање што ќе ни помогнат да преминеме кон стабилен, добро испланиран и одржлив систем за заштита на природата.

Мени за пристапност