Секторот за комуникација со јавноста (СКЈ) претставува линк помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и јавноста. Оформена е во јануари 1999 година како Канцеларија за комуникација со јавност по препорака и со финансиска поддршка од Европската Унија. Составен е од две одделенија: Одделение за односи со јавност и Одделение за подигнување на јавната свест и едукација.
Систематизација ›»
Основната улога на СКЈ е:
- Обезбедување на транспарентност и јавна достапност на информациите за различни аспекти за заштита на животната средина;
- Унапредување на образованието на полето на заштита на животната средина, за подобро разбирање на истата, со вклучување во разни научни и образовни програми;
- Зголемување на јавната свест и разбирање на важните еколошки проблеми и опции за можни решенија, со цел подобрување на еколошките услови;
- Добивање корисни информации од граѓаните и организациите кои имаат лично и специјализирано знаење за ресурсите и проблемите на животната средина, а кои на друг начин не можат да се добијат;
- Информирање за донесување на одлуки за еколошките приоритети и решенија и вклучување на јавноста при донесување на одлуки;
- Развивање на бази на податоци за релевантни институции, организации, стопанственици и поединци неопходни за информирање и спроведување на одредени процеси во животната средина;
Основниот принцип на работа на Секторот е двонасочна комуникација односно давање и примање на информации од јавноста, базиран на Архуската конвенција и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Само по пат на добро информирање и еколошко едуцирање може да се обезбеди подобро превентивно делување на еколошката култура на живеење.
Секторот за комуникација со јавноста, својата примарна улога ја остварува преку:
Соработка со медиуми која опфаќа
1. Логистичка подршка во организирање на движењата на Министерот, Заменик министерот и Државниот секретар и другиот раководен кадар на МЖСПП;
2. Изготвување на информации и информирање на медиуми за активностите:
- подготовка на најави,
- подготовка на обраќања,
- подготовка на завршни информации и фотографии од одржан настан и дистрибуција до медиуми.
3. Изготвување на информации за веб-страницата на Министерството;
4. Осмислување и одржување на Фејсбук и Твитер страницата на МЖСПП;
5. Подготовка на прес – конференции;
6. Следење на дневна медиумска покриеност и изработка на дневна хемеротека;
7. Изработка и континуирано ажурирање на базата на податоци за медиумите во РМ;
8. Подготовка на гостувања на претставници на МЖСПП на националните и локалните медиуми.
Соработка со граѓанскиот сектор кој делува во животна средина, која вклучува
- Подготовка и ажурирање на база на податоци за здруженија на граѓани кои делуваат во областа животна средина;
- Менаџирање со базата на податоци;
- Организирање на средби со НВО;
- Организирање или давање на логистичка подршка при организирање на настани за вклучување на здруженија на граѓани во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки, согласно Архуската Конвенција и Законот за животна средина;
- Активно учество при изработката на стратешките документи на Владата на РМ за соработка со граѓанскиот секторза што е номинирано одговорно лице од Секторот и изработка на годишни извештаии за степенот на реализација на проектираните задачи.
Реализирање на активности за подигнување на јавна свест и еколошка едукација со кои се опфатени
1. Одбележување на деновите од еколошкиот календар
- 22 март Ден на води
- Час за Планетата
- 22 април- Ден на Планетата Земја
- 5 јуни -Ден на животната средин
- 16 септември – Меѓународен ден за заштита на озоноската обвивка
- 22 септември-Ден без автомобили (Европска недела на Мобилноста)
Деновите од еколошкиот календар се востановени од страна на меѓународни организации (УНЕП, ООН, ЕУ и др.) и во нивното одбележување, приклучувајќи се на европското и глобалното семејство ги следиме нивните препораки и насоки.
2. Организирање и вклучување во кампањи
Осмислува и спроведува кампањи за зголемување на визибилноста и кредибилитетот на Министерството, потоа за зголемување на интересот на јавноста за актуелните состојби во животната средина како и за анимирањето на сите расположливи ресурси во решавање на предизвиците и поставените програмски задачи.
3. Еколошка едукација
Еколошката едукација стана дел од образовниот процес, особено со изработката и примената на мултимедијалната програма „Зелен пакет“ и „Зелен пакет јуниор“, потоа и со
Работење со библиотечен фонд и е-каталог
Во СКЈ е сместена специјализирана библиотека со голем број на наслови, студии и брошури и други печатени содржини на еколошки теми, наменети за различни целни групи која од крајот на 2014 г. е систематизирана во електронски каталог кој е достапен на е-адреса: http://ebiblioteka.moepp.gov.mk:8080/library/home
Еко караван-подвижна канцеларија за комуникација на МЖСПП
Во рамките на СКЈ постои подвижна канцеларија за комуникација која е позната како Еко – караван на МЖСПП.