Во рамки на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“, обезбедени од Европската инвестициска банка и Владата на Република Северна Македонија, а кои ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините склучен е договор за „Замена на азбестцементната водоводна мрежа во град Струга“
(Скопје, 16.01.2025 година) Денес се одржа завршниот настан од Твининг проектот на ЕУ „Поддршка во имплементацијата на отпадот Законодавство за управување и шема за проширена одговорност на производителот “.
Гостивар, 13 јануари 2025 – Првиот Заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, одржа средба со градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, на која беа разгледани клучните проекти за развој на инфраструктурата во општината.
Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Кичево.
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, утре, четврток, 16.01.2025, со почеток во 11.00 часот, во Хотел Мериот ќе учествува и ќе има обраќање на Завршниот настан од Твининг проектот на ЕУ „Поддршка во имплементацијата на отпадот - Законодавство за управување и шема за проширена одговорност на производителот “