Средба на Нурдини со шпанскиот амбасадор во заминување Лоренцо Сера

Средба на Нурдини со шпанскиот амбасадор во заминување Лоренцо СераМинистерот Нуредини се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Емилио Лоренцо Сера, по повод завршување на неговиот мандат во нашата држава.

Амбасадорот во заминување потврди дека континуираната поддршка и продлабочување на соработката од областа животна средина од страна на шпанската Влада во евроинтегративниот процес на РСМ ќе продолжи и понатаму.

Министерот Нуредини изрази благодарност за досегашната комуникација, дипломатска активност и поддршка во изминатите години, особено во делот на климатските промени и третманот на отпадните води.