Виена, 12.12. 2024, Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што денес се одржува во Виена.
Скопје, 06.12.2024 Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина согласно Акцискиот план реализираа повторен вонреден ненајавен инспекциски надзор над работата на правниот субјект Цементарница Усје, Групација ТИТАН.
Скопје, 6.12.2024г. Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ресми Ејупи, се приклучи на акцијата за засадување дрва што се спроведе на локација во близина на Кокино.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес отпатува на работна посета на Виена, Австрија, каде ќе учествува и ќе има обраќање на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница, што ќе се одржи на 12 декември.
Утре, петок, 06.12.2024 година, со почеток во 11:00 часот во Центарот за култура, Тетово, првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе учествува и ќе има обраќање на настанот за затворање на проектот „Подобрување на отпорноста по поплави во полошкиот регион“.
Утре, 5ти декември 2024 (четврток), со почеток во 13.45, во општина Липково (место наречено рамниште, во билизина на Филтер станицата) првиот потпретседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, ќе ја започне акцијата на садење на дрвца