МЖСПП постави електрични огради за заштита на земјоделците и пчеларите во Шар Планина

09.06.2025
Министерството за животна средина и просторно планирање го презеде првиот практичен чекор во спроведувањето на Националниот акционен план за кафеавата мечка, со поставување на соларни електрични огради за заштита на земјоделците и пчеларите во селата на Шар Планина.

Лашкоска: Како држава ги поддржуваме глобалните иницијативи за зачувување на биолошката разновидност

09.06.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска како дел од македонската делегација предводена од председателката Гордана  Сиљановска  Давкова учествува на третата конференција на Обединетите Нации за океанот.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја лансираше кампањата #ОддржливаИднина

05.06.2025
Во чест на Меѓународниот ден на животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ја организираше својата прва годишна конференција „Заедно за оддржлива иднина“, каде официјално го промовираше новиот комуникациски концепт #ОддржливаИднина.

Соопштение

04.06.2025
Ве известуваме дека утре, четврток, 5 јуни 2025 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Клубот на пратеници, ќе се одржи првата годишна конференција во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, под наслов „Заедно за одржлива животна средина“, по повод Светскиот ден на животната средина.

Управување со водите во фокусот на Секторската работна група за животна средина и климатски промени

04.06.2025
Министерството за животна средина и просторно планирање ја одржа Секторската работна група за животна средина и климатски промени, на која учествуваа претставници од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, претставници од релевантни државни институции, меѓународни партнери, граѓански организации и приватниот сектор.

Работилница за развојот на Регионалната стратегија за заштита на балканскиот рис

03.06.2025
Во согласност со обврските што ги презедоа земјите од регионот по вклучувањето на балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) во Анексите I на Конвенцијата за миграторни видови (CMS), денес и утре во Скопје се одржува дводневна регионална работилница посветена на развојот на Регионалната стратегија за заштита на балканскиот рис.

Меџити на координативен состанок со УНОПС и експерти за справување со линдан отпадот во ОХИС

30.05.2025
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска предводеше координативен состанок со претставници на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги (УНОПС), како и домашни и меѓународни експерти.

Меџити: Напредно управување со отпадот

29.05.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше и имаше обраќање на 6-тата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA

Соопштение

28.05.2025
Ве информираме дека утре, четврток, 29 мај 2025 година, со почеток во 09:30 часот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити ќе учевствува и ќе има обраќање на 6-та меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA).

Меџити: Помалку загадување, повеќе слобода

27.05.2025
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес пред Владата го промовираа новиот концепт за споделување возила – Car Sharing. Оваа услуга претставува значаен чекор кон одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето во земјата.