Категорија: Соопштенија

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ – ПРОМЕНА НА ЛОКАЦИЈА ЗА ЈАВНА РАСПРАВА ВО КОЧАНИ

Ја известуваме заинтересираната јавност дека локацијата за одржување на јавна расправа во однос на Предлог Одлуката за прогласување на Осоговски Планини за заштитен предел во Кочани е променета поради можност од неповолни временски услови. Јавната расправа Кочани ќе се одржи на 18.08.2020г. на локација Спомен дом на АСНОМ, во 18 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел

Министерството за животна средина и просторно планирање ја поканува заинтересираната јавност да присуствува на јавна расправа по Предлог актот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел. За подоследно вклучување на јавноста во процесот, ќе бидат организирани четири јавни расправи и тоа : Во Кочани, на 18.08.2020г., во… Прочитај повеќе »

Информација за јавност

Информација за јавност

Почитувани, Ве информираме дека сите корисници на услуги и информации од Министерството за животна средина и просторно планирање тоа можат да го сторат телефонски  на броевите: 076 456 716 или 070 243 123 или на електронска адреса:  infoeko@moepp.gov.mk или skj.mzspp@gmail.com