ДСУ “Ибрахим Темо”, Струга 


„Ибрахим Темо – Нико Нестор“- Средно училиште од Струга, во кое учат 2000 ученици и работат 117 наставници. Училиштето има гимназиски и стручни паралелки, во кспаѓаат градежната, хемиската и технолошката, текстилната и трговската струка.

Благодарение на големата желба и идеи за здрава и чиста животна средина,  оформена е GLOBE секцијата во ноември 1998 година. Уште од самиот почеток, во неа членуваат вредни ученици на училиштето и редовно се извршуваат мерења од областите: амосфера, хидрологија и земјина покривка. Досега се извршени вкупно 22 016 мерења, со што ова училиште сe уште по бројот на мерењата е на прво место во Република Македонија.

Активности на учениците

1.       Атмосфера

2.       Хидрологија

3.       Земјина покривка

Оваа вредна работа на учениците често била наградувана:

Настани
На 20ти април 2000 година, Амбасадорот на САД во Република Македонија, г-дин Michael Einik и Министерот за животна средина г-дин Тони Поповски, го посетија средното училиште “Нико Нестор” од Струга и свечено му ја доделија престижна GLOBE награда.

По повод 22ри април Денот на планетата Земја, Министерството за животна средина и просторно планирање се вклучи во одбележувањето на овој Светскиот Ден кој годинава ја прославува 31 годишнина како и 6 годишнината од отпочнувањето на GLOBE Програмата, која претставува светска научна и образовна Програма која ја координира работата на учениците, наставниците и научниците од целиот свет.

За таа цел, на 23ти април 2001 година, во просториите на Канцеларијата за комуникација со јавноста во рамките на Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, беше одржан Национален ученички истражувачки натпревар на проектот GLOBE.

На овој натпревар, активно учество земаа ученици од седум од деветте средни и основни училишта вклучени во Програмата. Тие преку истражување и прегледување на податоците, поставување на прашања и развивање на хипотези, како и преку развивање на методологии и анализи, со интерпретација, заклучок и комуникација се натпреваруваа со единствена цел популаризација и унапредување на глобалното учење и набљудување во полза на животната средина.

На натпреварот наградите ги освоија следните училишта:

Нико Нестор – прво место

Димитар влахов – второ место

Гоце Делчев  Валандово – трето место

Во текот на месец јуни 2000 година, учениците и наставниците од трите најактивни GLOBE училишта во Македонија: УСО “Нико Нестор” – Струга, ДСУ ” Гоце Делчев” – Валандово и О.У. “Пере Тошев” – с. Дупјачани, имаа можност да патуваат во Лабин, Хрватска каде присуствуваа на тродневна GLOBE конференција. Македонските учесници таму имаа можност да ги пренесат искуствата во однос на спроведувањето на програмата GLOBE во нашата земја како и да научат како хрватските ученици работат на програмата GLOBE

Награди

  • 31 пат – главна почесна плакета за наука
  • После 1 година од постоењето,  GLOBE во „Нико Нестор“ е прогласена за GLOBE-ѕвезда училиште. На училиштето наградата му ја врачи амбасадорот на САД во Македонија, г-динот Мајк Ајник кој го посети училиштето на во мај 2000 година заедно со тогашниот министер за животна средина.
  • Благодарение на Министерството за животна средина во ноември 2000 година, ученик од GLOBE секцијата учествуваше на Меѓународната конференција за климатски промени во Хаг-Холандија.
  • На организираните натпревари во земјава, базирани на податоците од GLOBE-мерењата во мај 2000 година, проектот подготвен од учениците  од GLOBE секцијата освои 1-во место


Презентации

>>> GLOBE – ДСУ „Ибрахим Темо“ Струга