Соопштение за јавноста 25.12.2015 год.

Ве информираме дека денеска, 25 декември 2015 година (петок), министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе одржи конференција за новинари во врска со состојбите со алармантното загадување на воздухот.

 Пресот ќе се одржи во 14:00 часот во Министерството за животна средина и просторно планирање (бул. Гоце Делчев 18, зграда на МРТВ, 10-ти кат)