Соопштение за јавноста 09.12.2015 г.

Ве информираме дека на 10.12.2015г. (четврток), министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири,градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски и директорот на ЈКП “Водовод”-Куманово, Горан Стојковски, ќе го потпишат договорот за спроведување на ИПА Проектот “Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Куманово”.

Потпишувањето на договорот ќе се одржи во просториите на о. Куманово во 13.00 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.