Соопштение за јавноста 07.12.2015 год.

Ве информираме дека на 09.12.2015г. (среда), министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Берово, Драги Наџински, градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, директорот на ЈПКР “Услуга”-Берово, Љупчо Дракалски и директорот на ЈКП “Комуналец”– Пехчево, Ванчо Секуловски ќе го потпишат договорот за спроведување на ИПА проектот “Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Берово”.

Потпишувањето на договорот ќе се одржи во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање (зграда на МРТВ, 10-ти спрат) во 13.30 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.