Соопштение за јабноста 23.11.2015 год.

Ве информираме дека утре, на 24.11.2015г. (вторник), во Хотел Холидеј Ин министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе има поздравно обраќање на дводневниот состанок на Извршнотo Тело на Европскиот процес за здравје и животна средина, како дел од подготовките за следната VI-та министерска конференција за здравје и животна средина која ќе се одржи во 2017 година.

На состанокот приоритет ќе биде даден на темите за управување со ризиците од аерозагадувањето, управување со разните видови отпад, изградбата на отпорни урбани населби и справувањето со климатските промени.

Почетокот на настанот е закажан во 09.30 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на состанокот.