Соопштение за јавноста 02.11.2015 год.

Ги покануваме уредниците и новинарите кои ја водат областа животна средина во вторник, 3.11.2015г. на прес конференција на кој ќе зборува министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, Н.Е. Лоренс Оер, амбасадор на Франција и Н.Е. Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП во Република Македонија.

Пресот ќе се одржи во 12 часот, во ресторан Амика (ГТЦ) .

Пресот е најава за претстојната ЦЕИ министерска конференција: „Кон климатскиот самит во Париз 2015, предизвици за државите членки на ЦЕИ“, која ќе се одржи во Скопје, на 6 ноември 2015 година и на меѓународниот самит во Париз, декември 2015.