Соопштение за јавноста 26.10.2015 год.

Ве информираме дека утре, на 27.10.2015г. (вторник), министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе направи увид во реализација на проектот за изградба на секундарна фекална канализациона мрежа на улиците 37 и 22 во н.м. Ченто.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот кој е закажан во 10.00 часот, на локација улица Алија Авдовиќ на излезот од Ченто кон Стајковци.