Соопштение за јавноста 15.10.2015

Ве информираме дека на 16.10.2015г, (петок), министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во 11 часот ќе ја посети општина Брвеница каде заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот Енвер Пајазити  ќе присуствуваат на отпочнувањето на проектот за изградба на дел од фекалната канализациона мрежа во населените места  Брвеница и Долно Седларце, општина Брвеница.