Соопштение за јавноста

Ве информираме дека на 15 јануари 2015 година, (четврток), во Инфо центарот на ЕУ во Скопје, со почеток во 11:00 часот, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Н.Е. Аиво Орав ќе ја отворат конференцијата за официјално завршување на проектот:”Развивање на национална студија за тарифи за вода”.

Проектот чиј краен корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање е во вредност од 785 000,00 евра, средства обезбедени од Европска Унија, а е реализиран од Конзорциумот ЕПТИСА и ГЕИНГ .