ЈАВНА РАСПРАВА по Нацрт Планот за управување со Национален Парк Пелистерза период 2020-2030 година

Врз основа на член 101 од Закон за заштита на природата (“Сл. весник на РМ”, бр.67/04, 14/06,  84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13 , 163/13,  41/14, 146/15, 39/16, 63/16 и 113/18) се организира:

ЈАВНА РАСПРАВА по Нацрт Планот за управување со Национален Парк Пелистер за период 2020-2030 година

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарантност и вклученост на јавноста, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Јавната Установа НП Пелистер, организираат јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален Парк Пелистер на ден 25.09.2020 година (петок), од 12:00- 13:30 часотво Салата за состаноци на Советот на Општина Битола, на ул. „1-ви Мај“, бр. 61 Битола.

Воедно би сакале да Ве известивме дека ова е прв Нацрт-План за управување со Национален парк во нашата земја, каде (иако нема обврска се до влезот во ЕУ) изготвен е дополнителен План за НП Пелистер како идно Натура 2000 подрачје. Овој план е изработен во рамки на ЕУ Твининг проектот:„Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата”

За јавните расправи ќе се почитуваат здравствените протоколи за организација на јавни настани (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus).

Нацрт Планот за управување со Национален Парк Пелистерза период 2020-2030 годинаможете да го сименте на следниов линк

Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за План за управување со Национален парк „Пелистер“ 2020-2030