Покана за учество на јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена за животната средина по Националниот акциски план за борба против опустинување во Република Македонија

03. maj 2018 година, Скопје

Министерството за животна средина и просторно планирање ја поканува заинтересираната јавност на јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националниот акциски план за борба против опустинување во Република Македонија што ќе се одржи на 03.05.2018 година (четврток), во Хотел „Буши, ресорт и спа“, ул. „Ќурчиска“ бр. 21 (стара чаршија), Скопје, со почеток во 14:00 часот.

Дневен ред

3ти мај 2018 година

Хотел „Буши, ресорт и спа“, ул. „Ќурчиска“ бр. 21 (стара чаршија), Скопје, во 14:00 часот

 

14:00 – 14:30 Регистрација на учесниците
14:30 – 14:45 Отворање на состанокот

Претставник од МЖСПП

14:45 – 15:00 Процес на изработка на Националниот акциски план за борба против опустинување во Република Македонија

Искра Стојанова, координатор на проектот

15:00 – 15:20 Содржина на Националниот акциски план за борба против опустинување во Република Македонија

Проф. Иван Блинков/ Проф. Душко Мукаетов, национални консултанти

15:20 – 16:00 Презентирање на извештајот за стратешка оцена за влијанието врз животната средина од имплементација на Националниот акциски план за борба против опустинување во Република Македонија

Јулијана Никова, СЕА експерт

16:00 – 16:30 Дискусија
16:30 – 16:45 Заклучоци и затворање на состанокот
16:45 Коктел