Разгледан напредокот во спроведувањето на Партнерството за одржлив развој: Стратегијата на ООН за 2016-2020

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на Четвртиот Заеднички управен одбор на националните институции и Обединетите нации на кој се разгледуваше напредокот во спроведувањето на Партнерството за одржлив развој:Стратегијата на ООН за 2016-2020 година.

По воведните излагања на копретседавачите со Управниот одбор, министерот за надворешни работи Никола Димитров и постојана координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија Росана Дуџак, на средбата беа презентирани резултатите за 2019г. и приоритетите во планирањето за 2020 г., како и наодите и препораките од финалната евалуација на Партнерството за одржлив развој: Стратегијата на ООН за 2016-2020г.

Партнерството за одржлив развој: Стратегијата на ООН за 2016-2020г. е заедничка стратегија договорена со Владата со која се управува работата на сите агенции на Обединетите нации (ООН) кои се активни во земјата за исти заеднички цели. Стратегијата има пет договорени приоритети меѓу кои е почиста, зелена, поотпорна околина.

Во делот животна средина во изминатиот период најмногу поддршка е обезбедена во делот на климатски активности, потоа во подготовката на Националниот план за чист воздух и имплементацијата на дел од предвидените мерки; Заштитата на биолошката разновидност и подобро управување со природните ресурси и во делот на намалување на ризици од природни и катастрофа и справување со ризиците.

За наредната година информирано е дека агенциите на ОН во државата имаат обезбедено средства за поддршка на повеќе значајни проекти, при што во делот за животна средина се споменуваат и проектот за прогласување на Шар Планина за национален парк, имплементација на систем за рано предупредување од поплави во Полошкиот регион, реализација на низа мерки и активности за ублажување на последиците од климатските промени во РСМ, Развивање на Зелениот климатски фонд,стратегија за ремедијација на еколошка жешка точка –Охис, потоа проекти од областа на заштитата на биолошката разновидност, проекти за унапредување на состојбата со загадувањето на воздухот и др.

Пред членовите на Управниот одбор Министерот Нуредини информираше дека во наредниот период МЖСПП поинтензивно ќе работи во обезбедувањето на квалитетна и чиста вода за пиење за сите граѓани во државата. Исто така, министерот потенцираше дека МЖСПП има предвидено реализација на повеќе проекти за изградба на пречистителни станици за отпадни води, меѓу кои се и веќе започнатите прекугранични проекти.