Официјална средба на Министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Насер Нуредини со Министерот за животна средина и води на Република Бугарија, Нено Димов

Nuredini_Ambasador_BG_Neno_Dimov_1(04.09.2019г) На 2-ри септември, 2019 г., министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини одржа билатерална средба со Министерот за животна средина и води на Република Бугарија, Нено Димов.

Министерот за животна средина и води, г-дин Нено Димов недвосмислено ја изрази силната поддршка што Република Бугарија ја дава за евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија. Приоритет на Бугарската Влада е интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Тема на состанокот беше продлабочување на соработката како и разговор за имплементација на Договорот меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и води на Република Бугарија за соработка во областа на животната средина, заштита на водите и природа како и размена на искуства за имплементација на Поглавје 27 „Животнасредина“.
Министерот Нуредини изрази благодарност и задоволство што Република Бугарија е значаен партнер и поддржувач во реализирање на приоритети од областа на животната средина и ги пренесе своите заложби за продолжување на соработката и партнерскиот однос во постигнување на националните и ЕУ приоритети од областа на животната средина.