Обезбедени дополнителни средства за пречистителната станица за отпадни води во Кочани

Potpisuvanje_dogovor_za_precistitelna_stanica_1(24.12.2019г.)Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Сибил Сутер Техада, градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, и директорот на ЈП Солидарност од Виница, Александар Трајков, го потпишаа Анексот на проектниот Договор за пречистителна станица за отпадни води во Кочани, со кој се обезбедија дополнителни средства за реализација на овој важен инфраструктурен проект.

Во рамките на овој Анекс, со дополнителни 2.375.000,00 швајцарски франци обезбедени од Швајцарската Конфедерација и 260.000,00 швајцарски франци од општина Кочани, ќе се поддржат мерките за подготовка на тендерската документација за приклучување на Виница и соседните села со ПСОВ Кочани и рехабилитација на канализациона мрежа во Виница. Исто така, со тие средства ќе се овозможи корпоративен развој на јавните комунални претпријатија во Кочани и Виница, ќе се развијат вештини за управување со отпадни води во претпријатијата и во инфраструктурната компонента ќе се реализираат приоритетни мерки за рехабилитација на канализациониот систем во Кочани и соседните Оризари и Тркање.

Со Анексот, вкупната вредност на проектот изнесува 2.570.400,00 швајцарски франци, а периодот за имплементација е од 2020г. до2021 година.